Бензема зад себе ги остави Роналдо и Меси

Бензема зад себе ги остави Роналдо и Меси

пред 3 години

Карим Бензема ја победи Мајорка, во шестото коло во Ла Лига. Францускиот напаѓач постигна два и намести два гола во победата 6:1. Во првите шест кола Бензема постигнал осум и наместил седум голови, значи директно учествувал во 15 голови на „кралскиот клуб“.

Карим Бензема со синоќешниот перформанс, стана фудбалер со најдобар старт во сезоната, во овој век.

Зад него останаа најдобрите стрелци во Ла Лига, Кристијано Роналдо, кој во сезоната 2014/2015 на Реал му овозможил 14 голови и Лионел Меси кој на почетокот на сезоната 2011/2012 на Барселона и овозможил 13 голови.

Вториот гол што го постигна против Мајорка, беше 200 за Бензема во Примера. Тој е десеттиот играч со 200 и повеќе постигнати голови, во шпанскиот фудбал.

Бензема 12 години го носи дресот на Реал, одиграл 566 натпревари, постигнал 287 голови и забележал 151 асистенција.

Share
Scroll to Top