Бензема ќе игра на ЕУРО 2020?

Бензема ќе игра на ЕУРО 2020?

пред 3 години

Карим Бензема ќе се најде на спискот на селекторот Дидие Дешан за ЕУРО 2020, тврди влијателниот „Лекип“. Дешан го избриша Бензема од репрезентацијата пред шест години, кога пукна аферата со соиграчот Матије Валбуена.

Дидие Дишан, денес до 12 часот, треба да потврди кои 26 фудбалери ќе ја претставуваат Франција на ЕУРО 2020. „Лекип“, пишува дека 15 од 26 фудбалери кои ќе бидат на спискот играа на Светското првенство во 2018 година, кога Франција ја освои титулата.

„Десетмина ќе бидат изненадување за јавноста, а најголемото е враќањето на Бензема“, пишува „Лекип“.

Карим Бензема, последен пат за Франција настапил на 8.октомври 2015 година против Ерменија. На тој меч постигнал два гола и забележал една асистенција.

Share
Scroll to Top