„Билд“: Олисе го известил Баерн дека ќе остане во клубот

„Билд“: Олисе го известил Баерн дека ќе остане во клубот

пред 2 часа

Мајкл Олисе е главна тема на фудбалската јавност со недели откако се појавија шпекулации дека го напушта Баерн, односно дека Реал е подготвен да го урне светскиот рекорд со понуда од 223 милиони евра.

Олисе ги известил челниците на германскиот гигант за својата одлука,а според новинарот на „Билд“, Флоријан Плетенберг, во пораката порачал дека нема намера да го напушти Баерн и дека не е заинтересиран за никакви други понуди.

Ова значи дека челниците на Баерн, наскоро ќе можат да преговараат со фудбалерот за нов договор. Актуелниот договор на Олисе истекува во јуни 2029 година.

Олисе ги помина претходните две години во Баерн. Тој пристигна од Кристал Палас за 53 милиони евра. Се покажа како одличен трансфер.
Во текот на две години во Минхен, Французинот одигра 107 натпревари со учинок од 42 гола и 54 асистенции.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top