„Бледата“ Барса само со реми кај Кадиз, крај за Роналд Куман?

„Бледата“ Барса само со реми кај Кадиз, крај за Роналд Куман?

пред 3 години

Барселона одигра само 0:0 на гостувањето во Андалузија кај аутсајдерот Кадиз, резултат кој уште повеќе ја зголемува кризата во клубот кој одамна е во криза, и кој може да биде последниот меч на легендата а клубот, Роналд Куман на клупата по јавниот конфликт со претседателот Жоан Лапорта.

Каталонците во првото полувреме имаа над 70 отсто од поседот на топката, додека Кадиз не успеа да упати ниту еден удар на голот на Марк-Андре Тер Штеген. Сепак, ниту Барса не беше посебно опасна во нападот со само еден посериозен обид на Мемфис Депај.

Ритамот на мечот се смени во 65. минута, кога Френки де Јонг доби втор жолт картон, оставајќи ги Барса со играч помалку. Во 81. минута, домаќините ја имаа најдобрата шанса на мечот преку Санчез, но Тер Штеген не дозволи топката да заврши во неговиот гол.

ЛА ЛИГА, 6.КОЛО

Кадиз – Барселона 0:0

Гранада – Реал Сосиедад 2:3

Осасуна – Реал Бетис 1:3

Share
Scroll to Top