Боби Марјановиќ го напушти Фенербахче

Боби Марјановиќ го напушти Фенербахче

пред 1 ден

Највисокиот кошаркар во Евролигата, Бобан Марјановиќ повеќе не е член на Фенербахче, потврди во понеделникот клубот од Истанбул.

Поранешниот НБА кошаркар минатото лето потпиша едногодишен договор со турскиот клуб, но имаше и опција да ја раскине соработката пред јануари.

Фенербахче пред неколку дена објави дека го продолжил договорот со Кем Бирч до крајот на сезоната и веднаш се наметна прашањето за иднината на Марјановиќ, кој речиси и да не играше кај тренерот Шарунас Јасикевичиус.

Клубот од Босфор сега сака да ја засили центарската линија со уште еден играч. Покрај Брч, Јасикевичиус во тимот ги има Николо Мели и Сертан Шанли.

36-годишниот српски кошаркар одигра шест натпревари во Евролигата и за 10 минути на теренот имаше просек од 4 поени и 3,5 скока. Во турската лига има просек од 10,1 поен (67,6% за два), 4,9 скока, 1,6 асистенции и 0,4 блокади.

Share
Scroll to Top