Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Богдан Богдановиќ, потпишал четири годишен договор со Атланта Хокс, вреден 72.000.000 долари, пренесуваат американските медиуми.
За да биде официјализиран договорот треба да поминат 48 часа. Толку време имаат Сакраменто Кингс да ја израмнат понудата на Атланта, бидејќи Богдановиќ има статус на „делумно слободен играч“.
Новинарот Марк Стајн, објави, дека во договорот помеѓу Атланта и Богдановиќ, постои клаузула според која тој може да го раскине соработката пред почетокот на четвртата сезона.
Доколку пак Сакраменто му ја понудат истата сума на пари, тогаш тој ќе остане во престолнината на Калифорнија и во договорот ќе има клаузула која нема да му дозволи, во првата година, да биде трејдуван во Атланта.
Претходно интерес за српскиот репрезентативец покажаа Милвоки Бакс, ЛА Лејкерс и Индијана Пејсерс.
Богдановиќ (28), во Сакраменто е од 2017 година. Минатата сезона, во просек по натпревар, бележел 15 поени и по 3,4 скока и асистенции.