Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез веќе е во празничниот дух, откако на социјалните мрежи сподели фотографија во која е во црвена долна облека пред голема новогодишна елка.
26-годишниот модел со фотографијата предизвика воодушевување кај нејзините 22 милиони следбеници, меѓу кои и самиот Роналдо кој одговори само со: „Мамамиа“.
Роналдо претходно им даде малку причини за претпразнично расположение на навивачите на Јувентус, постигнувајќи два гола во својот 100. меч за „бјанконерите“ за 3:1 победа над Џенова.
Роналдо и Родригез се заедно од 2016 година, кога фудбалерот раскина со долгогодишната девојка, руската манекенка Ирина Шајк. Тие се сретнаа во продавница на „Гучи“ во Мадрид, каде што Родригез работеше како асистент за шопинг.