Помина една година од хеликоптерската несреќа во која меѓудругите загина и легендарниот кошаркар Коби Брајант. Вчера на аукција е продаден олд-тајмер, автомобил марка „Шевролет Импала“ од 1963 година што Ванеса Брајант му го подарија на својот сопруг во 2006 година.
Автомобилот е продаден на аукција за 221.000 долари.
Идентитетот на досегашниот сопственик не е познат, пишуваат американските медиуми, само се знае дека е од Индијана.
Ванеса автомобилот на својот сопруг му го подарија за Божиќ во 2006 година.
Коби Брајант автомобилот го продал во 2013 година, а една година подоцна, автомобилот на аукција повторно го променил сопственикот.
„Импалата“ е во добра состојба, има поминато 40.000 километри.
Kobe Bryant’s Old 1963 Chevy Impala Hits Auction Block, Could Fetch $250k https://t.co/xVattzUeUg
— TMZ (@TMZ) January 23, 2021