Француски Бордо се наоѓа пред банкрот откако се повлече сопственикот кај кого беа мноштвото акции на клубот – американскиот фонд „King Street“.
Откако е објавено дека сопствениците престанале да го финансираат клубот, било обелоденето дека долгот на Бордо изнесува 60 милиони евра, но лесно може да се случи сумата да порасне до 80 милиони следната недела.
Ако клубот не најде купувач кој ќе го подмири долгот, на крајот на сезоната ќе биде изфрлен од Лига 1.
„Л`кип“ пишува за четири можни сценарија:
-Ако клубот не пронајде купувач, фудбалскиот сојуз ќе му ги земе сите бодови и ќе го испрати во втора лига.
-Ако Бордо прогласи банкрот и купувачот ги преземе долговите, ФС на Франција би му зел 15 бодови на клубот и секако би се одело во понизок ранг.
-Ако Бордо прогласи банкрот и не најде купувач, клубот пак ќе мора да оди во втора лига.
-Ако следната недела во клубот влезе купувач кој може да преземе долг од 60 милиони евра, Бордо би се спасил и од банкрот и од испаѓање.
Првите прогнози во Франција не се оптимистички.
Бордо шестпати бил шампион на Франција, последен пат во 2009 година. Клубот четирипати го има освоено Купот.