Борусија го прегази Вердер и остана во игра за влез во ЛШ

Борусија го прегази Вердер и остана во игра за влез во ЛШ

пред 4 години

Тимот на Борусија Дортмунд убедливо на својот стадион со 4-1 го победи Вердер Бремен и остана со шанси за едно од четирите места кои водат во Лигата на шампионите идната сезона.

Иако гостите од Бремен први дојдоа во водство на мечот, во 14 минута преку Рашица, сепак „милионерите“ убедливо стигнаа до трите бодови.

Со феноменален гол во 29. минута Реина израмни на 1-1, а потоа со два брзи гола, во 34 и 38 минута Ерлинг Халанд го реши прашањето на победникот.

Конечните 4-1 беа дело на дефанзивецот Хумелс во 87 минута.

Сега тимот од Дортмунд е петти на табелата со 49 бода, а пред него е Ајнтрахт Франкфурт со само 4 бода повеќе на пет кола до крајот на Бундеслигата.

Share
Scroll to Top