Бошковиќ со најсилниот смеч во историјата, Србија во финалето на ЕП

Бошковиќ со најсилниот смеч во историјата, Србија во финалето на ЕП

пред 3 години

Србија ќе игра во финалето на Европското првенство во одбојка во Белград, откако актуелните шампионки со 3:1 (32:34, 28:26, 25:23, 25:14) ја совладаа Турција, и за трофејот ќе се борат со Италијанките, кои со 3:1 (25:19, 25:17, 16:25, 25:18) беа подобри од Холандија.

Прва ѕвезда на Србинките беше Тијана Бошковиќ, која заврши со 13 поени само во првиот сет, во кој исто така постави нов светски рекорд со најсилниот смеч – 110.3 км/ч.

Share
Scroll to Top