Бразил без Милитао на Светското првенство

Бразил без Милитао на Светското првенство

пред 2 часа

Лоши вести, претпладнево од Мадрид доби бразилскиот селектор, карло АНчелоти. Се потврдија најлошите прогнози, дека Едер Милитао нема да игра на Светското првенство за Бразил.

Дефанзивецот на Реал ја обнови повредата на мускулот на левата нога, за која ќе биде потребна операција и нема да биде на теренот во следните четири месеци, објави „Ас“.

Милитао почувствува болка на крајот од првото полувреме против Алавес, поради што мораше да биде заменет. Првата проценка беше дека ќе паузира помеѓу четири и пет недели, но по магнетната резонанца било утврдено дека ќе има многу подолга пауза.

Во консултација со клупскиот медицински тим, донесена е одлука да се подложи на операција.

Се очекува дека ќе биде подготвен за почетокот на новата сезона.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top