Браун преку О’Саливен до најголемиот успех во кариерата

Браун преку О’Саливен до најголемиот успех во кариерата

пред 4 години

Џордан Браун (34) го победи Рони О’Саливен и ја освои титулата на Велс опен. Браун, против најдобриот во историјата, го одигра првото финале во кариерата, забележа голема победа и стана првиот снукер играч од Северна Ирска со победа на Велс опен.

Браун се наоѓа на 81.место во светот, а со оваа победа освои и 70.000 фунти. Против легендарниот О’Саливен, тој победи со 9:8. Ирецот, од стартот имаше предност во фрејмови, водеше со 4:1 и 5:3, не потклекна ниту кога противникот израмни на 6:6, ниту кога му дозволи да израмни на 8:8.

Победата на Браун е ште поголема и послатка, ако се знае дека пред пет години тој работел на бензинска пумпа и размислувал да стави крај на кариерата.

 

Share
Scroll to Top