Бронзата ѝ донесе на Англија повеќе од 25 милиони евра

Бронзата ѝ донесе на Англија повеќе од 25 милиони евра

пред 14 часа

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4.

Покрај медалот, Англиската фудбалска асоцијација ќе инкасира и нешто повеќе од 25 милиони евра, додека Франција како четвртопласирана ќе добие 23,6 милиони евра. Разликата меѓу третото и четвртото место изнесува околу 1,5 милиони евра.

За споредба, светскиот шампион ќе заработи 43,7 милиони евра, а поразениот финалист 28,8 милиони евра, покрај средствата што сите репрезентации ги добиваат за подготовка и настап на турнирот.

Share
Scroll to Top