Буфон преговара со Аталанта, сака да брани на СП во Катар

Буфон преговара со Аталанта, сака да брани на СП во Катар

пред 3 години

Џиџи Буфон втор пат во кариерата ќе го напушти Јувентус. Легендарниот голман има желба да брани во континуитет, за да може да избори место во репрезентацијата за Светското првенство во 2022 година.

Кариерата која ја започна во Парма, во 1995 година, Буфон ја продолжи во Јувентус во 2001 година. Остана Јувентус и кога клубот беше исфрлен во Серија Б. Сезоната 2018/2019 ја мина во ПСЖ, а потоа се врати во Торино.

Според италијанските медиуми тој бил подготвен повторно да го напушти Јувентус, но овој ат ќе остане во Серија А. Буфон наредната сезона би требало да го облече дресот на Аталанта. Клубот од Бергамо, во летниот преоден рок планира да ги продаде голманите Голини и Спортиело.

Во тој случај Буфон би бил прв голман, а негова замена младиот Карнесечи, кој оваа сезона е позајмен во Кремонезе.

Иако има 43 години, Буфон, оваа сезона покажа дека се уште може да врани на големата сцена. Целта, наредната година, ќе му биде да игра на Светското првенство во Катар.

Во кариерата, Буфон настапил на пет светски првенства, во 2006 година со Италија ја освои титулата.

Share
Scroll to Top