Капитенот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, ќе го продолжи договорот со клубот на дополнителни пет години.
Продолжувањето ќе додаде уште две сезони на неговиот постоечки договор, кој истекува во 2029 година. Покрај тоа, ќе биде вклучена и стандардна откупна клаузула во вредност од 1.000.000.000 евра.
Тоа е практика што главно ја применуваат тимовите од Шпанија со цел да се избегнат какви било шпекулации околу иднината на нивните најголеми ѕвезди.
Валверде сигурно е голема ѕзведа на Реал. Столб на сегашниот тим на Реал Мадрид и некој што достоинствено ја носи лентата на најголемиот клуб во светот. Уругваецот се приклучи на Реал Мадрид во 2016 година од Пењарол и досега има 388 настапи.
Секако, продолжувањето вклучува и заслужено зголемување на платата, што ќе го направи еден од најплатените играчи во клубот.
Валверде одигра 15 натпревари оваа сезона, со учинок од три гола и две асистенции. Тој игра во средниот ред, но во последно време кај Жозе Мурињо и како десен бек.
Foto/ Depositphotos






