Холандскиот стручњак, Руд Ван Нистелрој најверојатно ќе го напушти Лестер по последниот натпревар од сезоната во Премиер лигата.
Лестер ќе го игра последниот натпревар од сезоната во недела против Борнмут, но раководството на клубот сè уште не донело одлука за тоа кој ќе го замени на позицијата главен тренер, објави денес „Скај Спорт“.
Според овој извор, раководството на Лестер ги разгледува поранешниот тренер на Саутемптон, Расел Мартин, и актуелниот тренер на Шефилд Венздеј, Дени Рел, како главни кандидати за клупата.
Сепак, клубот е решен да не брза со потрагата по нов тренер, од почит кон Ван Нистелрој, кој сè уште официјално е на функцијата.
Преговорите за спогодбен раскин на соработката со холандскиот стручњак се очекува да започнат на почетокот на следната недела.
Руд ван Нистелрој, поранешен напаѓач на Манчестер јунајтед, Реал и ПСВ, ја започна својата тренерска кариера во јуниорските категории и како асистент во холандската репрезентација, пред да го преземе првиот тим на ПСВ Ајндховен во 2022 година.
Во својата прва сезона во ПСВ, Ван Нистелрој го освои Купот на Холандија и Суперкупот и заврши и како второпласиран во Ередивизие. Тој го напушти ПСВ по една сезона, наведувајќи ги како главни причини „недостаток на внатрешна поддршка“ и несогласувањата во клубот.
По пауза од неколку месеци, Ван Нистелрој го презеде Лестер на почетокот на 2024 година, но со англискиот клуб не успеа да опстане во Премиер лигата.