Ван Перси: Го прекршија златното правило на Алекс Фергусон

Ван Перси: Го прекршија златното правило на Алекс Фергусон

пред 4 години

По поразот од Башакшехир во Лигата на шампионите (2:1), фудбалерите на Манчестер Јунајтед се најдоа на „столбот на срамот“. Најмногу ги критикуваат поранешните играчи на славниот клуб. По Пол Сколс, Рио Фердинанд, Пол Инс критики до Солскјер и неговите фудбалери упати и Ровин Ван Перси.

Холанѓанецот рекол дека натпревар каков што одигра Јунајтед во Истанбул никогаш не би се случил во ерата на Алакс Фергусон.

„Не се трудеа доволно, требаа да бидат енергични во дуелите, да дадат се од себе“, рекол Ван Перси.

„Кога јас бев таму Фергусон имаше златно правило. Не е проблем да се загуби натпревар, не смее да се случи само да трчаме помалку од противникот. Мислам дека Башакшекир повеќе трчаше од Јунајтед. Тоа не смее да се случи во ниту еден натпревар. Тоа нема врска со вештината и квалитетот, туку има врска со желбата и концентрацијата“, заклучил Ван Перси.

Share
Scroll to Top