Ван Шип ќе го гаси „пожарот“ во Ајакс

Ван Шип ќе го гаси „пожарот“ во Ајакс

пред 11 месеци

Холандскиот стручњак Џон ван Шип (60) е нов тренер на фудбалерите на Ајакс, соопшти денеска клубот од Амстердам.

Ван Шип е поранешен играч и помошник тренер во стручниот штаб на Ајакс, тој се врати во својот матичен клуб со кој потпиша договор до летото 2025 година.

„Многу сум среќен што договорот е постигнат и нестрплив сум да почнам да работам во клубот каде што се започна за мене. Ајакс треба да го најде патот назад кон врвот и среќен сум што ќе им помогнам во тоа“, рече Шип на промоцијата.

Холанѓанецот досега во кариерата ги водеше Твенте, Мелбурн, Гвадалахара, Звола и грчката репрезентација.

Ајакс минува низ најтешките моменти во богата историја, со само една победа во осум натпревари клубот се наоѓа на последното место во холандскиот шампионат.

Share
Scroll to Top