Вардар 17.пат го освои Купот на Македонија

Вардар 17.пат го освои Купот на Македонија

пред 2 дена

Ракометарите на Вардар 17. пат во клупската историја го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во финалето на заврпниот турнир во Охрид, Вардар го победи Еурофарм Пелистер со 31:27 (17:14). Вардар четврти пат по ред го победија Пелистер во борбата за трофејот. Пелистер нема трофеј во Купот цели 20 години.

Дуелот во Охрид го реши одбраната на Врадар и голманот Еспиња, кој блесна во втората половина од второто полувреме. Бековите на Пелситер беа запрени во целост, половина од головите за зелените ги постигнаа крилата Радивојевиќ (осум) и Манасков (седум).

Пелистерци не добија помош ниту од голманите, е блескаа ниту нивните колеги од спротивната страна, но Еспиња блесна во периодот кога кога Пелистер дојде на негатива од три гола. Португалецот тогаш фати два зицери и одбрани пенали, со што му го трасира патот до титулата на својот тим.

Инаку, Вардар од почетикот наметна силен ритам, по 10 минути играа стекна предност од пет гола (7:2), а Пелистер до крајот не успеа да направи пресврт. Најблиску Ботолчани дојдоа до 7:6, Вардар го одби тој налет, на полувреме замина со три гола позитива.

Во вториот дел Вардар ја одржуваше предноста, во 37.минута ја врати највисоката предност од пет гола, која на крајот рутински ја одржа.

Share
Scroll to Top