Вардар второлигашката „одисеја“ ја почна со реми во Дебар

Вардар второлигашката „одисеја“ ја почна со реми во Дебар

пред 3 години

Најуспешниот македонски клуб во историјата, ФК Вардар, ја започна својата прва сезона како второлигаш во независна Македонија со 0:0 реми на гостувањето кај Кораб во Дебар.

По испаѓањето од Првата лига, на „црвено-црните“ им следува тежок предизвик за враќање во елитата, во тешка конкуренција во Втората лига-Запад. Уште еден редовен прволигаш, Силекс, е во конкуренција, но тие стигнаа до убедлива 3:0 победа на гостувањето кај Кадино, а победи остварија и Тетекс над Велешта (2:1) и Охрид над Беса (4:1).

2.МФЛ, ЗАПАД

Кораб – Вардар 0:0

Кадино Скопје – Силекс 0:3

Гостивар – Воска 0:4

Охрид – Беса 4:1

Тетекс – Велешта 2:1

2.МФЛ, ИСТОК

Детонит Јуиор – Беласица 0:2

Локомотива Градско – Кожув Гевгелија 0:0

Осогово – Саса 1:4

Победа – Кит-Го Пехчево 2:1

Слога Виница – Братство Житоше 0:0

Фото: ФК Кораби

Share
Scroll to Top