Вардар ги заврши настапите во европските купови за сезоната 2026/2027. Македонскиот шшампион откако во првото коло испадна од Лигата на шампионите, вечерва го заврши настапот и во квалификациите, во Конференциската лига.
Вардар, по поразот во Скопје од Рига (2:3), загуби и во реваншот во Латвија со 5:2. Црвено-црните беа на чекор до сензација, имаа водство од 2:0 до 87-та минута, иако од 19-та играа со фудбалер поналку, поради исклучувањето на Најдовски.
Таиво обезбеди продолженија за Рига, период во кој Врадар целосно се распадна. Реално, играчите на Вардар и немаа сила да му се спротивстават на противникот дополнителни 30 минути.
Вардар дојде до предност со голот на Бабунски во 17-та минута, Најдовски беше исклучен две минути подоцна, а Омерагиќ во 66-та зголеми на 2:0. Следуваше период на целосна инцијатива на домашните фудбалери, период во кој блескаше голманот на Вардар Талески.
Сепак и тој не можеше да го спречи голот на Таиво на три минути до крајот. Во продолжението, Ауани изедначи во 92-та минута, а потоа следуваа головите на Сигуеира, Рамирез и Фереира.
Foto/ Depositphotos






