Македонскиот ветеран, Крсте Велкоски го продолжи договорот со Сараево на уште две сезони, со што ќе продолжи да ја носи капитенската лента на славниот „бордо“ тим.
„Пресреќен сум што ја продолживме соработката, веќе шест години со задоволство го носам овој дрес, а овој клуб и овој град секогаш ќе бидат мојот дом. Се радувам на новите големи трофеи со клубот и ќе направиме се за нашите фанови“, изјави Велкоски.
Велкоски има вкупно 209 натпревари и 66 гола за Сараево, а минатата сезона ја заврши со 4 гола и 7 асистенции.