Вембањама и Сан Антонио го декласираа Хјустон

Вембањама и Сан Антонио го декласираа Хјустон

пред 4 часа

Сан Антонио Спарс го декласираа регионалниот ривал Хјустон со 145:120 и ја продолжија битката за првото место во Западната конференција, во НБА лигата.

Предводени од Виктор Вембањама, Спарс го завршија поголемиот дел од работата во втората четвртина. Го решија овој дел од натпреварот во своја корист со 37:24 и заминаа на полувреме со плус 12. До крајот на натпреварот, тие само ја зголемуваа својата предност.

Најдобри во победничкиот тим беа Виктор Вембанјама со 29 поени и 8 скока, Стефон Касл постигна 23 поени, додека Диерон Фокс имаше дабл-дабл со 20 поени и 10 скока.

За Рокетс, Дурант и Томпсон постигнаа по 23, а Шепард имаше 17 поени.

Резултати:

Њу Орлеанс – Вашингтон 138:118
/Марфи 24 – Џонсон 20/

Милвоки – Орландо 130:91
/Банкеро 33 – Портис 18/

Сакраменто – Чикаго 126:110
/Монк 30 – Секстон 28

Портланд – Индијана 131:111
/Хендерсон 28 – Сијакам 22/

Share
Scroll to Top