Венгер за финалистите во ЛШ: Сити е позрела екипа!

Венгер за финалистите во ЛШ: Сити е позрела екипа!

пред 4 години

Поранешниот менаџер на Арсенал, Французинот Арсен Венгер смета дека претстојното финале во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Јунајтед и Челси ќе биде многу интересно.

Венгер, кој од 1996 до 2018 година беше на кормилото на „топчиите“ од Лондон сепак гледа мала разлика кај еден од претендентите за „пехарот со големите уши“ на УЕФА.

Тој во анализата на „beIN Sports“ вели дека Сити е позрела екипа.

„Би рекол дека Сити е позрела екипа. Двата тима се добри во транзиција и можат да играат на високо ниво, во силен ритам 90 минути. Видовме дека Реал кој бркаше резултат во второто полувреме не најде начин да биде опасен, пред се поради дисциплината на англиските тимови. Видовме дека истиот случај беше и со ПСЖ и со Реал“ вели Венгер.

Францускиот стручњак забележал уште една разлика меѓу двата англиски клуба.

„Мислам дека разликата меѓу финалистите е во конверзијата при шанса за погодок. На Сити му требаат помалку шанси за да стигне до погодок. Тоа може да се промени, финалето е на 29. мај. Има повеќе од 3 недели до тој датум, многу работи можат да се случат до тогаш“ вели Венгер.

И двете екипи имаат уште по 4 меча за играње во Премиерлигата, но Челси игра и финале во ФА купот, на 15. мај против Лестер на „Вембли“.

Share
Scroll to Top