Премиерлигашот Вест Хем е подготвен да се врати на преговорите околу трансферот на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер во зимскиот преоден рок, пренесува „ESPN“.
Лондонците веќе се обидоа да го ангажираат 30-годишниот Англичанец во текот на летото, но тој ја одби понудата.
Оваа сезона Мегваер одигра четири натпревари за Манчестер јунајтед и постигна една асистенција. Договорот на дефанзивецот со тимот од „Олд Трафорд“ истекува во летото 2025 година.
Фудбалерот е незадоволен од статусот во тимот и најави заминување во друг клуб.