Вејн Руни доби отказ

Вејн Руни доби отказ

пред 11 месеци

Фудбалскиот клуб Бирмингем објави дека поради серијата лоши резултати му ја врачил отказ на менаџерот Вејн Руни.

Во соопштението клубот потврди дека покрај со Руни, соработката е раскината и со првиот тренер Карлос Робинсон.

Клубот се реши на ваков чекор по вчерашниот пораз од Лидс (0:3) во 26. коло од Чемпионшип.

Бирмингем изјави дека еден од тренерите Стив Спунер привремено ќе го предводи првиот тим до именување на нов менаџер.

Руни (38) го презеде Бирмингем на почетокот на октомври минатата година, а овој клуб го водеше во 15 натпревари. Претходно беше тренер на Ди-Си јунајтед и Дерби Каунти.

Бирмингем моментално се наоѓа на 20. место на табелата во Чемпионшип со 28 бодови од 26 натпревари.

Share
Scroll to Top