Веќе не важи откупната клаузула за Рашфорд

Веќе не важи откупната клаузула за Рашфорд

пред 11 часа

Сосема неочекувано, денес од сигурни извори стигна веста дека откупната клаузула за Маркус Рашфорд повеќе не важи.

Оваа вест ја прошири каталонскиот новинар Нил Сола, кој тврди дека Барселона и Манчестер Јунајтед имале договор дека до крајот на март ќе се знае дали ќе се активира откупната клаузула за Маркус Рашфорд.

Барселона не го информираше Јунајтед дека ќе ги плати договорените 30.000.000 евра и сега останува сосема нејасно што ќе се случи со Англичанецот.

Наводно, ова укажува на две сценарија, првото е дека Барселона се откажала од откупот на неговиот договор и ќе се сврти кон други цели во текот на летото, а второто е дека ќе го принуди Јунајтед на нови преговори, за пониско обесштетување или продолжување на позајмицата, што звучи како помалку реална опција.

Она што особено ги загрижува навивачите сега е фактот дека Рашфорд има клучен период пред себе во кој ќе мора да покаже дека е достојна замена за Рафиња, кој ќе ги пропушти и четвртфиналето и потенцијалното полуфинале од Лигата на шампионите.

Распоредот на Барса е пеколен, играат три натпревари со Атлетико за 10 дена, па ги чекаат дуели со Еспањол, Селта, гостуваат кај Хетафе.

Рашфорд игра дбро сезонава, забележа 10 гола и дури 13 асистенции. Неговата добра форма Јунајтед сака да ја искористи за да извкече повеќе пари од Барселона или некој друг клуб.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top