(Видео) АБА 2 ги суспендираа судиите кои дозволија кошарка „шест на пет“

(Видео) АБА 2 ги суспендираа судиите кои дозволија кошарка „шест на пет“

пред 7 часа

Дисциплинската комисија на АБА 2 лигата ги санкционираше судиите на натпреварот помеѓу Златибор и Борц кој се одигра во рамките на 2. коло.

Судиите Радош Савовиќ, Воислав Лепетиќ и Миодраг Лакиќевиќ добија суспензија на два натпревари поради потпросечен учинок во споменатиот натпревар.

Неверојатно е дека тројца судии не забележаа дека Златибор во финишот на првото полувреме, речиси две минути играше со шет кошаркари. Дека се игра кошарка „шест на пет“ забележаа од клупата на домашниот тим, која регаираше и повлече еден играч на теренот.

Прашање е како покрај тројцата судии, никој од записничката маса не го забележа ова. Веројатно и за тие луѓе ќе има одредени санкции. Нејасно е и како играчите на теренот и тренерите не го забележаа овој пропуст.

На крајот по едно продолжение Борац победи со 93:90.

Share
Scroll to Top