(Видео) Арбелоа: Оштетени сме, имаше пенал врз Мбапе

(Видео) Арбелоа: Оштетени сме, имаше пенал врз Мбапе

пред 5 часа

Реал Мадрид повторно не успеа, не победи по трет пат по ред, а по поразите од Мајорка и Баерн Минхен, Џирона украде бод на „Сантијаго Бернабеу“. Барселона сега има шест бода повеќе и доколку вечерва го победи Еспањол во градското дерби речиси ќе ја обезбеди шампионската титула.

По нерешениот резултат со Џирона од клубот повторно се жалат на судиите. Алваро Арбелоа е убеден дека во 87-та минута не бил досуден чист пенал за неговиот тим. Тренерот тврди дека имало фаул врз Мбапе од Рејес.

„Прекршок врз Мбапе е чист пенал, и тука и на месечина. Не можам да разберам зошто ВАР не интервенираше. Ситуацијата беше јасна. ВАР се јавува само кога тие сакаат, а не им оди во прилог, тогаш едноставно молчат. Имавме многу слични ситуации со судењето оваа сезона“, рече Арбелоа.

Тој одговори и на прашањето дали трката за титулата е завршена.

„Ќе се бориме до последното коло. Ние сме Реал Мадрид и мора да се бориме до крај и да веруваме во пресвртот“, рече Арбелоа.

Потоа се осврна на следниот натпревар против Баерн Минхен.

„Мораме да размислиме за натпреварот во среда. Нашата посветеност ќе биде максимална. Ќе анализираме што се случи во првиот натпревар и ќе се обидеме да го загрозиме Баерн. Натпреварот во Минхен е натпревар на годината за нас. Одиме таму со верба дека можеме да победиме“, рече Арбелоа.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top