(Видео) Арсенал го декласира Тотенхем, хет-трик на Езе

(Видео) Арсенал го декласира Тотенхем, хет-трик на Езе

пред 1 час

Фудбалерите на Арсенал го победија Тотенхем со 4:1 во дербито на северен Лондон и ја зацврстија водечката позиција на табелата во Премиер лигата.

„Топџиите“, на табелата имаат шест поени повеќе од Челзи и седум од Манчестер Сити.

Против Тотенхем, Арсенал играше како што игра од самиот почеток – како шампион.

Еден од најдобрите натпревари на лидерот во Премиер лигата оваа сезона го одбележа со хет-трик, репрезентативецот на Англија, Еберечи Езе.

Арсенал одигра феноменално прво полувреме, само малку послабо во второто, но доволно добро и авторитетно за градскиот ривал да не му пружи ниту грам надеж дека може да остане непоразен.

Серијата ја отвори Тросар, а Езе погоди во 41-та, 46-та и 76-та минута.

Единствениот гол за гостите, во 55-та минута, во стил на голем мајстор го постигна Ришарлисон. Бразилецот од 40 метри го лобуваше Раја.

Арсенал го доживеа последниот пораз од Ливерпул на 31 август, оттогаш е во страшна серија на резултати на сите фронтови – во 13 натпревари забележа два нерешени резултати и 11 победи.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top