Тренерот на Панатинаикос жестокот го навреди репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс, на полувремето од натпреварот против Валенсија.
Валенсија наорави чудот, избори пласман на Завршниот турнир, откако ги загуби првите два натпревари на домашен терен.
Мајсотрката, Валенсија ја доби со 81:64.
Од почетокот, и покрај тоа што беше видлива нервоза кај играчите на двата тима, Валенсија играше за нијанса подобро. На полувреме имаа предност од 12 поени.
Во паузата меѓу двете полувремиња, наместо да се фокусира на своите недостатоци, јавно го впери прстот кон Шортс.
Ергин Атаман застана пред камерата на полувремето во Валенсија за да го анализира периодот зад неговиот тим, а потоа рече нешто неприфатливо за професионалец.
„Не игравме добро во нападот, во продолжение ќе го користиме повеќе Толиопулос. Кога Шортс беше на теренот, игравме четири на пет во нападот“, рече турскиот стручњак, со што јасно покажа дека не го почитува Американецор со македонски пасош.
Колку и да беше лош во мајсторката, овие работи Атаман можеше да му ги каже лично на Шортс, а не пред милионскиот тв аудиториум.
Disrespectful and outrageous.. btw coach Ataman from what i heard your players felt they don’t have a coach .. https://t.co/rLmvdxOXx5
— Ofer (@OferYannay) May 13, 2026





