(Видео) Атаман исклучен, ПАО загуби дома од Париз

(Видео) Атаман исклучен, ПАО загуби дома од Париз

пред 2 часа

Кошаркарите на Панатинаикос го претрпеа третиот пораз по ред во Евролигата. ПАО загуби дома од Париз со 104:99, во рамките на 29-то коло од Евролигата.

Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, но Париз успеа да ја извлече победа.

Првата четвртина заврши нерешено 29:29, но во втората Париз доминираше и оствари убедлива предност од +13 (58:45).

Парижаните успеаја да им одолеат на налетите на Панатинаикос во поголемиот дел од второто полувреме, во последните шест минути имаа 17, а на три и пол минути до крајот и 15. Но неколку соминтелни судиски одлуки на шетата на Париз и глупостите на Надир Хифи го вратија ПАО во мечот. Со осом поени во низа Хеј-Дејвис намали на 101:99. Потоа ПАО го имаше последниот напад, Хејс-Дејвис на три секунди до крајот не погоди за три поени.

Домашните бараа фаул, тренерот Ергин Атаман, претера со протестите, буквално ги бркаше судиите по теренот поради што беше исклучен.

Потоа, Џастин Робинсон погоди три слободни фрлања и постави конечниот резултат – 104:99.

Кај Панатинаикос се истакна Најџел Хејс-Дејвис со 27 поени, три скока и две асистенции, по него следуваше Кенет Фарид со 17 поени и пет скока.

Во Париз, Надир Хифи беше најдобар со 20 поени и пет асистенции, по него следуваа Ламар Стивенс и Џереми Морган со по 14.

Џастин Робинсон беше двоцифрен со 13, како и Леополд Кавалие со 10 поени.

Во наредната рунда, Панатинаикос гостува кај Олимпијакос, додека Париз патува во Тел Авив на дуел со Хапоел.

Патанаикос е на 10-то место со 16 победи и 13 порази, додека Париз е на 16-то место со резултат од 10-18.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top