Скандалозна сцена се случи за време на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, кога фудбалерот на Интер, Франческо Ачерби, му се закани на навивач на Пари Сен Жермен.
На видео кое се шири на социјалните мрежи, може да се види како навивач во дресот на ПСЖ се приближи до тренингот на Интер и го провоцира искусниот дефанзивец, потсетувајќи го на болниот пораз во финалето на Лигата на шампионите.
„Ачерби, Баркола!“ извика навивачот, алудирајќи на францускиот фудбалер кој одигра одличен натпревар против Интер.
Италијанскиот фудбалер не остана должен. Сосема изнервиран, Ачерби возврати со брутална закана: „Не ми се допаѓа да ме прават будала. Сериозен сум. Луд сум и ќе те претепам.“
Неговите зборови веднаш предизвикаа лавина од коментари во италијанските и европските медиуми, а некои навивачи веруваат дека дефанзивецот би можел да се соочи со дисциплински мерки за своето однесување.
Да потсетиме дека Интер се натпреварува во Групата Е од Светското клупско првенство, каде на стартот одигра нерешено со Монтереј, за кој настапуваат Серхио Рамос, Оливер Торес, Лукас Окампос и Хесус Корона. Следните предизвици за тимот од Милано ќе бидат дуелите против Урава Редс и Ривер Плата.
"Acerbi-Barcola no, perché io matto, io ti sfondo di botte" pic.twitter.com/r5PQKqyV6T
— Che strano account, Francesco (@drak3acm) June 20, 2025