Реал Мадрид и Ал Хилал, на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, одиграа 1:1 во првиот натпревар во Х групата, на Светското клупско првенство. За Реал, поради болест не играше Килијан Мбапе, а дебитираа тренерот Чаби Алонсо, Хујсен и Александер-Арнолд. Голманот на Ал Хилал, Боно го обележа натпреварот, му одбрани пенал на валверде во 92.минута.
„Кралскиот клуб“ и Ал Хилал го одиграа најдобриот натпревар во досегашниот тек од клупскиот Мундијал. Двата тима пропуштија неколку добри шанси, на крајот ремито е најреален резултат.
Реал поведе во 34-та минута по одлична тимска акција и голот на Гонзало Гарсија, но Саудијците израмнија седум минути подоцна, откако Рубен Невеш прецизно погоди од пенал.
Реал доби дискутабилен пенал во 92-та минута, но ударот на Федерико Валверде го одбрани Боно.
PENAL PARA EL MADRID
El colegiado lo pita tras ir a verlo al VAR
@FIFACWC | Todos los partidos gratis en https://t.co/yWCWbevPop | #FIFACWC #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/4Wk3X1t0GW
— DAZN Fútbol (@DAZNFutbol) June 18, 2025
Пачука и Салцбург играат во вториот натпревар од групата вечерва од полноќ по македонско време.
Реал ќе игра во второто коло против Пачука, а натпреварот е закажан за недела во 21:00 часот. Ал-Хилал и Салцбург ќе се натпреваруваат во ноќта од недела кон понеделник од полноќ.