(Видео) Бруно за триумф на Јунајтед над Вест Хем, Борнмут славеа над Евертон

(Видео) Бруно за триумф на Јунајтед над Вест Хем, Борнмут славеа над Евертон

пред 2 дена

Фудбалерите од Премиер лигата се во екот на подготовките за следната сезона, а една од омилените дестинации е САД. Преку Атлантикот, се одржува второто издание на Летната серија на Премиер лигата, а натпреварите од првото коло веќе се одиграни.

Овогодинешните учесници се Манчестер јунајтед, Вест Хем, Евертон и Борнмут. Победи во натпреварите од првото коло забележаа Манчестер јунајтед и Борнмут.

„Црвените ѓаволи“ го победија Вест Хем со 2:1 на „МетЛајф“ во Њу Џерси, на крилата на најдобриот играч Бруно Фернандес. Двата гола за трофејниот клуб од „Олд Трафорд“ ги постигна Португалецот. Во петтата минута беше прецизен од 11 метри и го донесе тимот на Рубен Аморим во водство.

Тој го зголеми резултатот на 2:0 во 52-та минута. Единствениот гол за Вест Хем го постигна Џаред Бовен во 63-та минута.

Многу поубедлив беше Борнмут против Евертон. Немаше голови до 55-та минута. Потоа Билинг го донесе Борнмут во водство. Само четири минути подоцна, Уатара го дуплираше водството. Конечните 3:0 ги постави Абу Аџеи во 69-та минута.

Летната серија на Премиер лигата продолжува во среда навечер со натпреварите од второто коло Манчестер јунајтед – Борнмут и Евертон – Вест Хем во четврток.

Фото/ Принтскрин

Share
Scroll to Top