Челси, актуелниот светски клупски првак, не успеа да го победи Кристал Палас во првиот меч во новата сезона. За разлика од Челзи, Нотингем Форест запиша рутинска победа над Брентфорд (3:1).
Кристал Палас, освојувачот на англискиот ФА куп и Суперкуп, на „Стенфорд Бриџ“ дојде да освои бод и нез многу мака успеа во намерата.
Не делуваше добро Челзи на премиерата, се мачеа избраниците на Енцо Мареска особено во организацијата на играта, против цврстата одбрана на Палас.
Гостите постигнаа гол, спектакуларен. Во 14.минута, Еберечи Езе ја скина мрежата од слободен удар, но ВАР се активираше и го поништи голот.
Голот на Палас беше поништен бидејќи нивниот играч (Марк Гуеи) стоеше на помалку од еден метар од живиот ѕид.
„Кога се изведува слободен удар, ако тимот кој напаѓа ги насмести своите играчи во „живиот ѕид“ на одбраната (помалку од 1 метар од ѕидот со најмалку 3 одбранбени играчи) – тоа не е дозволено“, појасни Премиер лигата.
VAR has robbed Eze of a spectacular goal.
#CHECRY pic.twitter.com/B4Dg2xSzhA
— UTD Trend (@_utdtrend) August 17, 2025
Нотингем Форест за почувреме го декласира Брентфорд, кој во текот на летото остана без тренерот Томас Франк, капитенот Норгард и напаѓачот Мбуемо.
Репрезентативецот на Нов Зеланд, Крис Вуд, продолжи таму каде што застана минатата сезона. Постигна два гола, во шестата и 45+2.минута, а еден гол постигна засилувањето од Болоња, Ндоје во 42.минута. Тијаго во 78.минута ја спаси честа на Брентфорд.
Foto/ EPA/NEIL HALL