Навивачите на Реал го кажаа своето – ги исвиркаа играчите на „Кралевски клуб“.
Играчите на Алваро Арбелоа беа пречекани со жестоки свиреши, во моментот кога излегоа на загревање пред мечот со Леванте.
Во моментот кога Винисиус првпат ја прими топката, следеа оркестрирани свирежи, а навивачите реагираа на ист начин кога топката беше кај Белингем.
И не застанаа тука. Тие сакаа да им дадат до знаење на двете ѕвезди што мислат за нив.
Секој пат кога Англичанецот и Бразилецот ќе ја земеа топката, навивачите ги честеа со навреди и свирежи.
Не беше поштеден ниту Федерико Валверде, кој неодамна побара од Арбелоа да го премести на друга позиција во тимот, што дополнително ја наруши атмосферата во соблекувалната.
| Vinicius Jr getting booed by Real Madrid fans every time he touches the ball!
— AllThingsBrazil
(@SelecaoTalk) January 17, 2026
За сите што внимателно ги следеа настаните во Реал во претходните недели, ова беше очекуваната реакција на навивачите кои ги етикетираа овие двајца играчи како главни саботери на поранешниот тренер Чаби Алонсо.
Оттука и гневот, бидејќи публиката на Реал не простува такво однесување на членовите на првиот тим на славниот клуб, кое, како што тие го гледаат, се граничи со предавство на сите вредности на клубот.
„Винисиус го победи Алонсо, но не и на Бернабеу“, гласи еден од насловите во мадридските медиуми во кои се опишани настаните од натпреварот.
Real Madrid fans at Santiago Bernabeu at half-time.
Madness.
— TC (@totalcristiano) January 17, 2026
Патем, ова беше првиот натпревар на Мадрид по срамната елиминација од Купот од второлигашот Албасете, а прв пред своите навивачи по поразот од Барселона во финалето на Суперкупот и замената на Алонсо.
Пред тоа, за време на натпреварот, и пред играчите да одат во соблекувалната кога резултатот беше 0:0, навивачите постојано им свиркаа на играчите, не штедејќи ниту едно име.


| Vinicius Jr getting booed by Real Madrid fans every time he touches the ball!
(@SelecaoTalk) 





