(Видео) Дезире Дуе го повреди десното колено, во солзи и на носилки го напушти теренот во Ница

(Видео) Дезире Дуе го повреди десното колено, во солзи и на носилки го напушти теренот во Ница

пред 3 часа

Еден месец откако Хвича Кваратцхелија тешко се повреди, актуелниот француски и европски првак ПСЖ, остана без уште еден важен играч.

Дезир Дуе, вечерва, во финишот на првото полувреме, на натпреварот во Ница, го повреди десното колено.

Крилниот напаѓач, во 32-та минута го комплетираше пресвртот на ПСЖ, а во 41-та без никаков контакт со противничкиот играч, остана да лежи на теренот. Неговото десно колено едноставно „пропадна“, а неговите соиграчи во неверување гледаа како се витка на тревата.

Му беше укажана лекарска помош, а потоа на носилки и во солзи го напушти теренот на стадионот во Ница.

Хвича Кваратцхелија ги скина вкрстените лигаменти на десното колено против Барселона на 20 октомври (4-2), се чека информација од клубот, дали истата повреда ја доживеа и Дуе.

Share
Scroll to Top