(Видео) Денвер го декласира Хјустон, Јокиќ (повторно) со трипл-дабл

(Видео) Денвер го декласира Хјустон, Јокиќ (повторно) со трипл-дабл

пред 3 часа

Денвер Нагетс, во дерби мечот, во НБА лигата, одигра во текот на ноќта, го декласираа Хјустон со 129:93. Денвер му го нанесоа на Хјустон најтешкиот пораз во сезоната и воедно ја прекинаа лошата серија од четири порази на последните пет натпревари.

Клучен период за победата на Нагетс беше третата четвртина, откако Нагетс го завршија првото полувреме со серија 11:2. Третата четвртина ја решија со 40:22.

Хјустон погоди само четири тројки на овој натпревар и само пет од 14-те слободни фрлања. На спротивната страна, Нагетс реализираа 17 тројки од 32 обиди.

Џамал Мареј со 30 поени го предводеше Денвер, а Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл од 16 поени, 12 скокови и 13 асистенции.

Јокиќ го достигна својот 187-ми трипл-дабл во кариерата кога го фати десеттиот скок на 4:14 минути до крајот на третата четвртина. Ова е 15-ти пат оваа сезона да постигне трипл-дабл пред почетокот на четвртата четвртина.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top