На Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе учествуваат 48 репрезентации. На 13 месеци пред почетокот на Мундијалот познати се десет учесници.
Директен пласман на СП изборија домаќините САД, Канада и Мексико, а визи за светската смотра обезбедија веќе седум селекции.
Актуелниот шампион Аргентина, гази во квалификациите во Јужна Америка. „Гаучосите“ пред две рунди обезбеденија место на СП. Синоќа во 15.коло победија во Чиле со 1:0, со голот на Хулијан Алварез во 16.минта.
Покрај Аргентинците, низ квалификациите пласман на СП изборија: редовните учесници Јапонија и Јужна Кореја. потоа, Иран и Нов Зеланд и сензациите Узбекистан и Јордан.
Од горенаведените, Узбекистан и Јордан се дебитанти. Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година.
Аргентина:
Број на настапи на СП – 18
Најдобар пласман – светски шампион (1978, 1986, 2022)
САД:
Број на настапи на СП – 11
Најдобар пласман – 3-то место (1930)
Мексико:
Број на настапи на СП – 17
Најдобар пласман – четвртфинале (1970, 1986)
Канада:
Број на настапи на СП – 2
Најдобар пласман – група (1986, 2022)
Јапонија:
Број на настапи на СП – 7
Најдобар пласман – осминафинале (2002, 2010, 2018, 2022)
Нов Зеланд:
Број на настапи на СП – 2
Најдобар пласман – група (1982, 2010)
Иран:
Број на настапи на СП – 6
Најдобар пласман – група (1978, 1998, 2006, 2014, 2018, 2022)
Узбекистан:
Број на настапи на СП – 0
Јужна Кореја:
Број на настапи на СП – 11
Најдобар пласман – 4-то место (2002)
Јордан:
Број на настапи на СП – 0