Требаше да биде дерби, но Детроит Пистонс лесно во Лос Анџелес се справија со Лејкерс, славеа победа 128:106.
Гостите, му го расипаа 41-от роденден на Леброн Џејмс, чии 17 поени не им помогнаа премногу на „езерџиите“ да одиграат рамноправен натпревар со најпријатното изненадување во сезоната.
Ненадминливиот Џејмс го одигра својот 1.557-ми натпревар во 23-та сезона од неговата кариера.
Го пропушти последниот дел поради повреда на раката, од клупата ја гледаше доминацијата на гостите кои авторитативно, исто како што го одиграа целиот натпревар, го завршија натпреварот и на Лејкерси им го нанесоа четвртиот пораз во последните пет натпревари.
Лука Дончиќ беше најдобар во поразениот тим со 30 поени и 11 асистенции.
За гостите, кои не ги поремети ниту повредата на Тобијас Харис во првиот дел, блескаше Кејд Канингем со 27 поени, Маркус Сасер придонесе со 19 од клупата, што е воедно и негов рекорд во сезоната, Ајзија Стјуарт постигна 15, Џален Дуран 14.
Foto/ depositphotos






