(Видео) Динамо надомести -2 од Загреб, па испадна во продолженијата

(Видео) Динамо надомести -2 од Загреб, па испадна во продолженијата

пред 4 часа

Фудбалерите на Динамо Загреб го завршија својот настап во Лига Европа, откако во драматичен реванш, по продолженијата одиграа 3:3. во Генк.

Динамо го загуби првиот натпревар во Загреб со 3:1, но успеа да направи изненадување и да го шокира Генк со ист резултат во реваншот.

Натпреварот беше решен во продолженијата, каде Белгијците покажаа дека се поподготвени и постигнаа два гола.

Лука Стојковиќ, го шокира Генг во вториот дел со два гола прво во 57-та минута од пенал, а потоа и во 75-та минута.

Во продолженијата Динамо не зидржа,а херојот Стојковиќ се претвори во трагичар.

По одлична тимска акција, Ито постигна гол за Белгијците во 100-та минута, а потоа само две минути подоцна, Стојковиќ, му удри шамар на еден од дефанзивците на Генк и доби црвен картон.

Хејманс потоа во 114-тата минута, по уште една одлична акција, го постави конечниот резултат 3:3.

Плејоф натпревари за Лига Европа, реванш натпревари:

Ц. Звезда – Лил 0:2 продолженија (0:1) (прв натпревар 1:0)
Ференцварош – Лудогорец 2:0 (1:2)
Штутгарт – Селтик 0:1 (4:1)
Викторија Пилзен – Панатинаикос 1:1 – пенали 3:4 (прв натпревар 2:2)
Болоња – Бран 1:0 (прв натпревар 1:0)
Селта – ПАОК 1:0 (прв натпревар 2:1)
Генк – Динамо Загреб 3:3 продолженија (1:3) (3:1)
Нотингем Форест – Фенербахче 1:2 (3:0)

Share
Scroll to Top