Во првите четири натпревари од плејофот на Лига Европа, видовме четири победи на гостите, што, иако се екипи повисоко рангирани, не беше очекувано.
Во Загреб, Динамо беше поразен од белгиски Генк, кој победи со 3:1 (2:1).
На „Максимир“ започна крајно шокантно за „модрите“, кои беа целосно уништени во првиот половина час.
Поточно, Генк постигна два гола за шест минути и со тоа стекна капитална предност.
Прво, Хајнен во 15-та минута, а потоа Уади го дуплираше водството на гостите во 21-та минута.
Во последната минута од првото полувреме, Динамо успеа да ја намали негативата и да донесе надеж, која во второто полувреме не успеа да ја искористи за евентуално реми или пресврт.
Кога Динамо не можеше да го стори тоа, Генк стигна до 1:3. Голот за +2 го постигна Уади во 90-та минута, со што му даде огромна предност пред реваншот во Белгија, кој ќе се игра точно за седум дена.
Идентична е ситуацијата и во двомечот меѓу ПАОК и Селта Виго, каде што и исходот и текот на резултатот беа идентични – 1:2 (0:2).
Селта поведе на преполниот стадион „Тумба“ со феноменална асистенција од Романо за Јаго Аспас, кој погоди во свој стил за 0:1.
Тоа беше во 34-та минута, а девет минути подоцна Аспас асистираше за Сведберг кој го дуплираше водството на тимот од Виго.
ПАОК имаше поголема иницијатива во првото и второто полувреме, но не и вистински шанси.
Дури во 77-та минута Јеремејеф постигна гол на надеж за екипата од Солун.
Голема победа оствари и Нотингем Форест над Фенербахче. Тимот кој се бори за опстанок в Премиер лигата, го победи второпласиранит тим во Турција со 3:0. ,
Првиот гол го постигна Муриљо, во 21-та минута, а Игор Жесус го дуплираше водството по корнер во 43-та.
Во 50-та минута, Гибс-Вајт целосно го нокаутираше Фенер.
Болоња во Норвешка, го победи Бран со 1:0 (1:0).
Единствениот гол на натпреварот го постигна Кастро во деветтата минута, по што резултатот не се промени.






