Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа Хјустон Рокетс со резултат 104:98 во дербито на Западната конференција на НБА.
Лука Дончиќ, го водеше тимот до победата, го обележа натпреварот со потег во самиот финиш на втората четвртина, кога му ги „скрши зглобовите“ на турскиот центар Алперен Шенгун.
LUKA DONCIC DROPS ALPEREN SENGUN
pic.twitter.com/EA4AummMew
— ClutchPoints (@ClutchPoints) April 1, 2025
Победата на Лејкерси им ја обезбеди Леброн Џејмс со неколку поени во финишот на мечот. Важна улога од клупата одиграа Доријан Фини-Смит и Гејб Винсент. Двајцата имаа по 20 поени и по шест тројки.
Лука Дончиќ мечот го заврши со 20 поени, девет асистенции и шест скока, додека Џејмс забележа 16 поени и осум скока.
Во тимот на Хјустон, Амин Томпсон имаше 20, Дилон Брукс 16, а Шенгун 14 поени, седум скока и шест асистенции.
Резултати:
Шарлот – Јута 110:106
Индијана – Сакраменто 111:109
Орландо – ЛА Клиперс 87:96
Вашингтон – Мајами 94:120
Мемфис – Бостон 103:117
Оклахома – Чикаго 145:117
Далас – Бруклин 109:113