(Видео) Евроголовите на Винисиус се мала утеха, Јапонија го шокираше Бразил

(Видео) Евроголовите на Винисиус се мала утеха, Јапонија го шокираше Бразил

пред 14 минути

Јапонската фудбалска репрезентација го победи Бразил со 3:2 во уште еден пријателски натпревар меѓу двата тима.

Ова е втора победа на „самурајите“ против тимот на Карло Анчелоти во последната година, а воедно е и одмазда за поразот во осминафиналето на Светското првенство кога Бразилците тесно победија со 2:1.

Претходно, во ноември 2025 година, Јапонија ги победи Јужноамериканците со ист резултат како и денес во натпреварот одигран во Каланг, Сингапур.

Стрелци за Јапонија беа Такефуса Кубо во 15-та, Кеито Накамура во 19-та и Тацухиро Сакамото во 90+1 минута, откако Винисиус Жуниор со два гола, првиот е навистина спектакуларен, го изедначи резултатот.

Во 91-та минута по третиот гол на Бразил, поради бурни протести беа исклучени селекторот Карло Анчелоти и Рафиња, кој играше до 70-та минута.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top