(Видео) Емилијано Мартинез  и удри шлаканица на камерата

(Видео) Емилијано Мартинез и удри шлаканица на камерата

пред 1 недела

Колумбија ја победи Аргентина со 2:1 (1:0) во осмото коло, во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство.

Џејмс Родригез ја предводеше Колумбија до победата. Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Баерн, кој сезонава ќе игра за Рајо Ваљекано, асистираше за првиот гол на Колумбија, а вториот го постигна од пенал.

На последните осум натпревари за националниот тим, Родригез постигна три гола и запиша седум асистенции.

Голманот на Аргентина Емилијано Мартинез, познат по своето скандалозно однесување, по поразот гневот го исфрли врз камерата.

Во моментот кога камерманот се доближи до него, аргентинскиот голман и удри шлаканица на камерата.

Share
Scroll to Top