(Видео) Илјадници го пречекаа Осимен во Истанбул

(Видео) Илјадници го пречекаа Осимен во Истанбул

пред 21 час

Виктор Осимен ќе го предводи нападот на Галатасарај и во следната сезона. Галата успеа да го откупи договорот на Виктор Осимен од Наполи за 75 милиони евра, што е убедливо најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал.

Поради ова, навивачите на овој клуб беа воодушевени, па му приредија на Нигериецот незаборавно добредојде.

На социјалните мрежи се појави информација дека луѓето го следеле летот на Осимен за Истанбул, додека Галатасарај го следел летот на Нигериецот за Турција во живо на својот Јутјуб канал.

Околу 20.000 навивачи го пречекаа Осимен, додека потпретседателот Адбулах Кавукџу беше пред клубот.

„Јас сум дома, каде што сакам да бидам“, рече Нигериецот по пристигнувањето во Истанбул.

Стрелецот на 37 гола на 41 натпревар има плата од 18.000.000 евра нето, со уште 10.000.000 евра што би можел да ги собере од реклами и спонзорски договори.

Share
Scroll to Top