Иско Аларкон (31) се договори со Бетис. Искусниот фудбалер повторно ќе работи со Мануел Пелегрини кој пред 10 години го лансираше меѓу ѕвездите како играч на Малага.
Иско минатата сезона ја започна во Севилја. Неволјите му започнаа кога Хулен Лопетеги доби отказ. Во декември минатата година доби отказ и седум месеци беше без клуб.
Фудбалерот кој со Реал ги освои сите можни трофеи во Бетис ќе го замени Серхио Каналес кој се пресели во Мексико.
Шпанецот е шестото засилување на Андалузијците во летниот преоден рок, претходно во клубот пристигнаа Ајозе Перез, Марк Рока, Хектор Белерин, Марк Бартра и Чади Ријад.
⚔🛡🐺
Entrego mi vida y mi honor a la Guardia del Real Betis Balompié, durante esta noche y todas las que estén por venir. pic.twitter.com/3ER8QphTO8
— Real Betis Balompié 🌴💚 (@RealBetis) July 26, 2023