(Видео) Кејн рекордер, Англија лесно се справи со Чешка

(Видео) Кејн рекордер, Англија лесно се справи со Чешка

пред 42 минути

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во Лигата на нациите А, група 3.

На Вембли, Англија ја порази Чешка со 3:0.

По „седумката“ против Хрватите во Рујевица, избраниците на Томас Тухел остварија уште една победа „со нула“, а сè започна со автогол на Цуфал во 27-та минута.

Потоа Хари Кејн ја продолжи својата серија голови погодувајќи за 2:0 во 40-та минута.

Во 57-та минута, капитенот на Англија го постигна својот втор гол (90-ти за Англија) на својот 125-ти настап за репрезентацијата, израмнувајќи го рекордот на Питер Шилтон.

Англичаните имаат три бода помалку од водечкиот тим во групата, актуелните светски шампиони, Шпанците, кои победија во Хрватска со 2:1.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top